Новак раскажа како ја запросил Јелена, се случил и мал пех: „Настана паника, балонот се запали“

Новак ја запросил Јелена на начин на кој што таа на почетокот не сфатила за што станува збор. Двајцата гостувале кај Грејем Бесинџер, па раскажале како изгледало запросувањето на Јелена.

„Мислеше дека ќе одиме на планинарење или пак нешто слично, но отидовме на возење со балон, а јас закупив и друг балон кој што леташе во далечината, а во моментот кога се приближивме до него, тој се подигна нагоре во воздухот и требаше да пушти голем знак на кој пишуваше: „Дали ќе се омажиш за мене?““ – ја започнал приказната Новак.

„Балонот се приближуваше, а Јелена тогаш ме праша дали планираме да се сретнеме со другиот балон, јас ѝ реков дека тоа е непријатно и дека не знам што се случува. Човекот кој што управуваше со другиот балон се обиде да го откачи знакот кој што требаше да се отвори. Кога конечно успеа да го одврзе, се запали балонот. Настана паника, балонот почна да паѓа“ – продолжил Ѓоковиќ.

„Реков: „О, боже, таму на балонот има дупка““ – се надоврзала Јелена.

„Се свртев кон пилотот и го прашав дали може нешто да направиме, да помогнеме... И потоа знакот конечно падна и почна полека да се чита затоа што буквите беа една под дуга“ – раскажал Новак.

„Читам и се прашувам дали е реклама, дали е луд“ – се потсетила Јелена и истакнала дека кога се освестила малку, сфатила што се случува, а Новак веќе бил на колена.

Новак на крајот од гостувањето прокоментирал:

„Постојано ми кажува колку добро ме познава, така што повеќе не можам да ја изненадам“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега