Нови цени на горивата од полноќ

Како и секој понеделник, така и овој, Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата имавме пад на цените, па така  бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалија за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 1,107 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,831 ден/кг.

Останува да видиме дали не очекува уште еден пад на цените.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2020 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа