Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00% во однос на одлуката од 1.7.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемија за 0,50 ден/лит Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголеми за 0,626 ден/кг.

Од 9.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 84,00 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 86,00 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 77,00 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 75,50 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС - 48,634 (денари/килограм)

09.07.2024 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега