Нови цени на горивата од полноќ

 


Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Претходната недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 0,50 денари по литар. Така, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 74 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 76 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 1 денар по литар и изнесува 67,5 денари, а на екстра лесното масло 67 денари за литар.

Цената на дизелот е најниска од почетокот на јуни годинава.

25.08.2025 - 09:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега