Нови детали: Во болницата „8-ми септемви“ 19 пациенти: 14 се во стабилна состојба, а петмина се борат за живот

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката сообраќајна несреќа, во моментов се лекуваат 19 пациенти. Од нив, 14 пациенти се стабилни и се во добра здравствена состојба. Двајца пациенти се на респираторна машина и се во животозагрозувачка состојба. Тројца пациенти се нестабилни, во тешка здравствена состојба под опсервација и мониторинг. 

Во Клиничкиот центар во Скопје вкупно се лекуваат 6 пациенти, од кои 4 на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ. Двајца се во стабилна здравствена состојба, додека пак другите двајца од нив се во критична состојба. Еден од пациентите се наоѓа на Клиниката за торакална хирургија и е во стабилна здравствена состојба, еден пациент од неврохирургија и една пациентка (трудницата) која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се исто така во стабилна здравствена состојба. 

Во стабилна и во добра здравствената состојба е и пациентот кој се наоѓа во Клиничката болница во Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2019 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега