Нови детали за несреќата во Германија: На таткото и синот се уште не им кажале за трагедијата

Четиринаесетгодишниот Дарко Манчиќ, кој е тешко повреден во сообраќајната несреќа во која ја изгубил својата 19-годишна сестра Анѓела, несудениот зет 20-годишниот Милош Станојковиќ и вујкото Зоран Дишиќ, преживеал три операции.

Дарко, кој беше повреден во тешка сообраќајна несреќа во Германија, се уште не знае дека сестра му загинала во истата несреќа.

Како што за Курир.рс вели Михајло Станојковиќ, брат на 20-годишниот Милош кој загина во несреќата, Дарко е опериран во Германија и неговата состојба засега е стабилна.

-Имаше четири операции досега. Добро ги поднесе, а го чекаат уште. Почна полека да отвора очи. Неговиот и таткото на Анѓела, Миле, кој исто така е повреден во несреќата, е под силни седативи. Тие веројатно не се свесни за она што се случило. Верувам дека и не знаат дека Анѓела и Михајло загинаа и дека повеќе ги нема. Кој ќе им каже кога се во тешка состојба - вели Михајло.

Тој вели дека во моментов средуваат документи за да го земат телото на Милош во Србија.

-Возило од Лесковац тргна кон Германија по телото. И Анѓела ќе биде погребана во Белград - рекол братот на Милош.

-Не можеме да веруваме што не снајде. Се слушнав со Милош неколку дена пред трагедијата. Беше среќен, му беше убаво. Ништо не укажуваше на трагедија - рекол потресениот брат.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2019 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега