Нови детали за трагичниот инцидент: Познато е кој му го дал пиштолот на Болдвин

Помошникот режиер му го дал пиштолот на актерот Алек Болдвин со кој ја уби директорката на фотографија и го рани режисерот.

Судски документи покажуваат дека во моментот кога му го дал пиштолот му кажал „ладен пиштол“ – израз за пиштол без вистинска муниција. Помошникот на режисерот, Дејвид Холс не знаел дека пиштолот има вистинска муниција.

Снимателката Халина Хачинс беше застрелана во градите во инцидентот што се случи во четвртокот за време на снимање на филм во Санте Фе, Ново Мексико. Повреден е и режисерот Џоел Соуза, кој стоел зад неа. 48-годишникот беше ранет во рамето и по медицинска интервенција е пуштен од болница.

https://panel.ads.com.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=130&loc=https%3A%2F%2Fsdk.mk%2Findex.php%2Fsvet%2Fpomoshnikot-na-rezhiserot-mu-go-dal-pishtolot-na-boldvin-i-mu-kazhal-deka-e-bezbeden-pred-pukaneto%2F&cb=78aeb5b4db

63-годишниот Болдвин беше сослушан во рамки на истрагата, но засега никој не е обвинет за инцидентот.

Вчера тој се огласи преку социјалните мрежи соопштувајќи дека соработува со полицијата и оти срцето му е скршено. Рече дека нема зборови со кои може да ги опише шокот и тагата.

23.10.2021 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега