Нови морничави детали за животот на милијардерот педофил: Три 12-годишни девојчиња добил за роденден од пријателот

Џефри Епстајн, милијардерот педофил според новооткриените документи од Франција донел три 12-годишни девојлиња од сиромашни семејства. Тие наводно му биле дадени како роденденски подарок.

Вирџинија Џафре која тврдела дека Епстајн и неговата пријателка Жислен Максвел ја присилиле да биде секс робинка кога имала 15 години, рекла дека според новите документи дека милијардерот злоставувал девојчиња кои ги вратил во Франција дури наредниот ден.

„Најлошо што сум слушнала е дека овие убави девојчиња од 12 години биле испратени токму за неговиот роденден. Тоа било подарок изненадување од еден негов пријател, а дошле од Франција. Ги видов и ги запознав“, рекла таа.

„Епстајн после запознавањето со нив се фалеше дека тие имаат 12 години и дека се од Франција. Рече дека таму луѓето се многу сиромашни и дека на нивните родители им биле потребни пари“, истакнала таа.

Овие наводи се откриени во судски записи од 2015 годија, како дел од граѓанската парница која две лица кои го тужеле Епстајн ја покренале против САД во 2008 година. Тврделе дека се прекршени сојузните закони за жртвите на криминалот.

Епстајн отслужил само 13 месеци затвор откако признал вина за секс со малолетничка. Неодамна се обеси во затвор во Менхетен, додека бил под обвинение за трговија со луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега