Нови ограничувачки мерки во Грција - во сила стапуваат од утре

Сопствениците на грчките кафулиња и ноќните клубови се загрижени дека новите ограничувачки мерки, кои овозможуваат да се служат само гости што седат, ќе ја загрозат туристичката сезона, но велат дека ги прифатат доколку тоа ќе спречи ширење на болеста. Грчките власти оваа недела вратија дел од ограничувачките мерки за рестораните, ноќните клубови и кафулињата. Правилата важат од утре и тие забрануваат да се служат гости што стојат.

-Тоа е чекор наназад што сигурно ќе влијае на туризмот, но се чини дека е потребно за да не го изгубиме остатокот од летото. Ќе бидеме трпеливи, изјави 27-годишниот Илиас Бабачикос, менаџер на кафуле на плажа во крајбрежното предградие на Атина, Алимос.

Здравствените власти се загрижени за неодамнешниот пораст на бројот на нови инфекции и појавата на заразени со делта сојот. Вчера имало 1.797 новоинфицирани, двојно повеќе од претходниот ден.

Бабачикос рече дека ќе биде тешко да се контролираат луѓето, но изрази надеж дека гостите ќе ги почитуваат мерките, пренесува Ројтерс. Властите соопштија дека во многу од новите случаи станува збор за млади луѓе, заразени на места за забава.

 

Властите предупредиле дека лицата што ги прекршуваат новите правила ќе бидат строго казнети, а оние што постојано ќе ги кршат, ќе ги загубат работните дозволи.

07.07.2021 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега