Нови правила за влез во Германија- од први август заострување на мерките на граничните премини

Германската влада денеска усвои нова регулатива, со која се заоструваат правилата за влез во земјата со цел да се заштити од „увоз“ на вирусот корона.

Според изјавата на портпаролот на владата, Улрике Демер, сите патници кои ќе влезат во Германија од 1 август, ќе мора да имаат доказ за вакцинација, прележан ковид или негативен тест при влез во земјата.

Оние кои доаѓаат од земји каде што „доминира“ нов вид на коронавирус, мора да направат негативен тест, без оглед дали биле вакцинирани или излекувани од корона.

Новата регулатива треба да спречи воведување дополнителни инфекции во Германија, нагласи Демер, додавајќи дека оваа мерка се однесува на сите лица постари од 12 години.

Покрај тоа, од 1 август, одредено олеснување ќе стапи на сила, а тоа е дека регулативата споменува само уште две списоци на земји со висок ризик, имено оние со висок ризик и земји со нови видови.

Што се однесува до враќањето од земјите со висок ризик, лицата кои не биле вакцинирани или не го прележале „Ковид-19“, ќе мора да одат во десетдневен карантин, кој може да се прекине најрано петтиот ден со негативн тест за корона.

Листата на ризични земји на Институтот Роберт Кох (заклучно со 29 јули 2021 година) вклучува 11 земји во Африка и Латинска Америка, вклучувајќи ги Намибија, Јужна Африка и Бразил. Досега, и оние кои се излечени и вакцинирани, кои доаѓаат или се враќаат од тие области, мораа да бидат во 14-дневен карантин. Во иднина, карантинот може да заврши порано, ако погодениот регион повеќе не се класифицира како област на вирусна варијанта за време на карантинскиот период.

30.07.2021 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега