Нови рестрикции во Словенија: Се затвораат градинки, хотели и дел од продавниците

Словенија од сабота ќе воведе нови рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот меѓу населението. Премиерот Јанез Јанша денеска најави затворање на сета неесенцијална трговија, потоа хотели, градинки, студентски домови, со некои исклучоци.

 

Новите рестриктивни мерки ќе бидат во сила седум дена. Според последните податови што ги објави Владата, во Словенија се потврдени нови 1.663 случаи за зараза со ковид-19.

Дневниот извештај вели дека 26,76 отсто од тестираните лица биле позитивни, на болничко лекување се упатени 357 пациенти, меѓу кои 62 на одделенијата за интензивна нега, додека девет лица ја загубија битката за вирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега