Новиот број на „Шарли Eбдо“ повторно со карикатури на пророкот Мухамед

Новиот број на францускиот сатиричен неделник „Шарли Eбдо“, на кој работат преживеаните членови на редакцијата десеткувана во минатонеделниот масакр во Париз, ќе содржи карикатури на пророкот Мухамед, објави денеска адвокатот на весникот Ришар Малка.

- Специјалното издание на весникот, што излегува во среда, ќе биде отпечатено на 16 јазици за читателите ширум светот, изјави колумнистот на „Шарли Eбдо“ Патрик Пелу.

Претходно е соопштено дека новиот број на весникот ќе биде печатен во милион, наместо вообичаените 60.000 примероци, а ќе има осум, наместо досегашните 16 страници.

Малка во изјава за Француското радио рече дека во новиот број пророкот Мухамед, покрај останатите, „очигледно повторно ќе се најде на мета на сатирата, за да покажеме дека редакцијата ниту милиметар нема да попушти пред екстремистите кои се обидуваат да ја замолчат“.

Браќата Саид и Шериф Куачи, кои минатата среда во напад врз редакцијата „Шарли Eбдо“ убија 12 лица, вклучувајќи петмина најдобри карикатуристи и уште тројца членови на редакцијата, извикуваа по нападот дека „го одмаздиле пророкот Мухамед“.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега