Новиот пакет санкции против Русија ќе биде применет до крајот на неделава

 

Европските лидери разговараа рано утрово и се договорија да продолжат со примената на пакетот санкции против Русија, при што ќе ги воведат мерките до крајот на седмицата, соопшти портпарол на британскиот премиер Дејвид Камерон.

- Утрово премиерот учествуваше во конференциски телефонски разговор со неколку европски лидери – претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Ренци. Тие ги разгледаа санкциите против Русија и се согласија да продолжат со примената на пакетот, што го одобрија порано оваа седмица, изјави портпаролот на Камерон, чие име не се соопштува.

Санкциите стапуваат во сила, кога ќе се објават во Службениот весник на Европската комисија.

- Лидерите се согласија санкциите да бидат објавени до крајот на седмицата, додаде портпаролот.

Претходно денеска европски дипломати рекоа дека санкциите можат да бидат објавени уште утре.

11.09.2014 - 15:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега