Ново истражување од Германија не дава надеж: Доведена е во прашање ефикасноста на вакцината за коронавирус

Студија на научници од Минхен сугерира дека антителата против коронавирусот не се задржуваат во телото подолго од неколку месеци, што ја доведува во прашање ефикасноста на вакцината или долгорочниот имунитет.

Тестовите спроведени на пациенти во минхенската клиника Швабинг покажале значителен пад на бројот на неутрализирачки антитела во крвта, изјави Клеменс Вендтнер, виш советник во одделението за заразни болести во клиниката.

„Кај четири од девет пациенти воочивме пад на неутрализирачките антитела на многу специфичен тест кој може да се спроведе во лабораторија со висока безбедност“, изјави Вендтнер.

„Сега може да се шпекулира за влијанието на тоа откритие на долгорочниот имунитет и стратегијата на развој на вакцината“, додаде тој.

Резултатите сугерираат дека пациентите кои се опоравиле можат да се заразат повторно, но потребни се и дополнителни тестови, вели Вендтнер.

Телесниот имунитет го сочинуваат „Б“ станиците одговорни за антителата и „Т“ станиците кои помагаат во уништувањето или можат самите да ги уништат патогените кои научиле да препознаваат откако организмот бил изложен на првата инфекција. И двете се одговорни за долготрајниот имунитет.

Ова истражување на Вендтнер се совпаѓа и со други истражувања спроведени ширум светот. Кинеските научници известија во магазинот “Nature” дека присутноста на антителата на коронавирусот во крвта паѓа значително после два месеци.

Тоа посебно се однесува на асимптоматски заболените чиј организам произведува помалку антитела и поради тоа имаат послаба имуна реакција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега