Ново истражување со изненадувачки резултати: истражување: Младите излечени од коронавирус најчесто немаат антитела

Повеќето луѓе кои се излечиле од коронавирус на возраст од 15 до 40 години немаат антитела откако ќе се опорават, покажува студијата направена од австриските власти во местото Рајхенау ан дер Ракс.

„Ова е изненадувачки резултат, но се совпаѓа со фактот дека кај овие возрасни групи симптомите се лесни“, објаснува директорката на покраинскиот санитарен завод на Долна Австрија, Ирмгард Ленер. 

Како дел од студијата спроведена во јуни, на целото население во Рајхенау му била понудена можност да бидат тестирани за антитела.

Во таа општина, 61 лице се разболеле во текот на пролетта, а околу 260 биле во карантин.

Во студијата учествувале 1.824 лица, вклучително и оние кои биле позитивни во текот на пролетта.

„Секој што беше позитивен со антитела на ПЦР тест имаше кашлица, како и губење на чувството за вкус и мирис, замор и треска како пропратни симптоми“, вели покраинскиот секретар за здравство Улрике Коенигсбергер-Лудвиг.

Оние чии организам не создал антитела, наводно само посочиле дека чувствуваат настинка, без главните симптоми на коронавирусот.

Градоначалникот на Рајхенау, Ханес Делер вели дека оваа студија покажува дека никој не е безбеден, бидејќи не се знае кога симптомите ќе станат потешки, па затоа е потребна поголема одговорност на граѓаните.

Ленер и Коенигсбергер-Лудвиг истакнаа дека резултатите од студијата покажуваат оти стратегијата на Долна Австрија во борбата против вирусот е правилна.

„Не го стававме целото место во карантин, туку одевме на тоа да ги пронајдеме контактите, што го правиме и денес“, вели Ленер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега