Ново предупредување од УХМР: Во овие делови од Македонија се очекува невреме

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 а максималната од 26 до 35 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од среда следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Во среда и четврток ќе дува засилен ветер од северен правец.

19.07.2021 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега