Ново рочиште за настаните на 27 април

Денеска во Кривичниот суд треба да се оддржи рочиште за “организаторите на 27 април”. Минатото рочиште се одложи бидејќи обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски бараа увид во доказите.

 

 Јавното обвинителство на Република Македонија, во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 32 лица, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик, а две лица за помагање при вршење на истото кривично дело. Според ЈОРМ, со обвинителниот акт се опфатени три лица, припадници на структурите на Министерството за внатрешни работи, кои како овластени службени лица биле носители на „златна“ и „сребрена“ команда, како и лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега