Обид за силување во Велес- приведен малолетник

 

Приведен малолетник од Велес, кој вчера се обидел да изврши обљуба врз девојче, но не успеал. Случајот во полиција го пријавила, 36-годишна жена од велешко село, мајка на девојчето. Според нејзината изјава, вчера околу 13 часот во селото, 17-годишен малолетник се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка, но не успеал.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, за  настанот бил  известен јавен обвинител и надлежните од  Центарот за социјални работи од Велес.

-Малолетникот е приведен и задржан по полициска станица. Се работи на расчистување на случајот, информира Додевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега