Обид за убиство на затвореник во „Идризово“, во тешка состојба е однесен во болница

Неколку минути по полноќ, обид за убиство на затвореник имало во затворот „Идризово“. Со две рани и во тешка состојба, 36-годишниот американски државјанин од Струга завршил бил пренесен во болница.

Тој е задржан на КАРИЛ, во тешка здравствена состојба. До инцидентот дошло откако претходно, затвореникот добивал закани во одделение каде бил сместен и истите според неофицијални информации, ги пријавувал до заповедникот и директорот Шпенд Тахири, пишува Макфакс. Случајот е пријавен и во полиција, од каде вчера екипи правеле увид.

„Во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга“, велат од МВР.

Затвореникот кој сега е во болница, неофицијално, барал преместување од одделението каде бил, во друго одделение, пренесува Макфакс. За ова ја известувал Управата, а со тоа требало да биде известен и директорот Шпенд Тахири. Сепак, тие одлучиле да остане таму каде е веќе сместен.

Обидот за убиство со остар предмет доаѓа само еден месец откако во „Идризово“ имаше претреси и беа одземани недозволени предмети. По ова, беше разрешен тогашниот директор Реџеп Реџепи. Но и покрај претресите, ножеви и други недозволени предмети се уште има кај затворениците, покажува и овој случај.

Засега нема реакција од Управата за извршување санкции, дали ќе побара одговорност и од новиот директор на затворот поради овој случај.

06.08.2022 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега