Обидот на опозицијата да направи влада е „мртвороденче“ од старт, смета Фрчкоски

Поранешниот министер и универзитетски професор, Љубомир Фрчкоски, кажа дека генералното правило во декократијата е блокадите да се решат со избори.

 

-Нашава состојба има две опции – или владиното мнозинство да се обнови што во периодов се случува или да се оди на некакви избори. Опцијата дека опозицијата може со прегрупирање да направи влада не е легитимна, бидејќи не можете од резултатите од локални избри да направите национална влада. Тоа ќе биде мртвороденче од старт. Го чуствуваат тоа и тие, вели Фрчкоски во емисијата „Студио 10“.

 

10.11.2021 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега