Објавена новата Доктирна на ВМРО-ДПМНЕ

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ

Причина, но и цел на постоењето на ВМРО-ДПМНЕ претставува возвишениот идеал за слободна, независна и просперитетна македонска држава.

 

ВМРО-ДПМНЕ ги застапува и штити македонските државни и национални интереси, негувајќи ги европските и универзалните хуманистички вредности.

ВМРО-ДПМНЕ им се обраќа на сите луѓе, групи, заедници и конфесии во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа и споделува принципите, вредносните определби и практиките на Европската народна партија.

Визијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги открие и развива сите можности за развој на македонската држава, како стремеж за неограничена потрага по реални решенија. Нашата политичка стратегија е изградена на принципите - човечност и праведност.

 

Богата, развиена и силна Македонија е иднината на македонскиот човек, нашите семејства, компании, интересни групи, заедници и конфесии. Во тој поглед за подобра иднина на македонскиот човек се вкрстуваат сите наши надежи, перспективи, активности и можности.

 

Во таа смисла, основните вредносни компоненти на партиската идеолошка матрица се:

 

●       

почитување на принципите на правната држава и владеењето на правото

●       

афирмација и безусловно почитување на човековите права и граѓанските слободи

●       

развивање на демократијата во Република Македонија

●       

посветеност кон индивидуалниот и колективниот развој на сите луѓе, почитувајќи ги принципите на лична одговорност

●       

почит кон традиционалните македонски културни вредности и афирмација на македонскиот културен код во светот

●       

почитување на сите етнички заедници и нивните особености во државата, а кои се рамноправни во своите права и обврски

●       

залагање за правата на Македонците и граѓаните на Република Македонија каде и да живеат во светот

●       

заштита на македонскиот идентитет, кој го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулирана свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор,

●       

градење на македонскиот културен простор базиран на етничка, јазична, политичка или географска припадност кон Македонија, како основа за современ европски културен развој на односите помеѓу балканските држави

●       

почитување на сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет,


●       

одговорност кон образованието на младите и науката, како основа на општествениот развој

●       

силна и витална социјална пазарна економија, со неприкосновеност на приватната сопственост и слобода на пазарните законитости, либерализирана и отворена економија со висок и стабилен економски раст базиран на иновации и претприемништво, како и хуманост и грижа за социјална праведност

●       

намалување на државниот интервенционизам во економските процеси преку засилена дерегулација, ниски даноци и помал државен апарат

●       

почитување на интересот на човекот како индивидуа, неговата личност и борба за заштита на граѓаните од било каква форма на репресија, дискриминација, полициска тортура, кршење на човековите права и злоупотреби на власта во политички цели,

●       

праведен правосуден систем

●       

силна и стабилна македонска држава и перманентно јакнење на безбедносниот капацитет на државата

●       

проактивност во членството во НАТО, како компонента во градењето на стабилна и безбедна држава

●       

забрзана интеграција на државата во Европската Унија, со почитување на потребите, правата, јазикот и идентитетот на македонскиот човек

●       

продлабочување на соработката со земјите со кои Македонија има потпишано договори за стратешко партнерство

●       

ефикасен и хуман здравствен систем кој гарантира здрава нација

●       

посебен акцент на улогата и значењето на семејството

●       

градење реформиран и современ систем за социјално и пензиско осигурување

●       

инклузивна соработка со граѓанското општество и сите интересни групи во него

●       

слобода во изразувањето и почит кон различните верувања, конфесии и погледи кон светот

 

Внатрепартиската демократија, вклученоста на ветераните, жените и младите во носењето одлуки на сите нивоа, како и уважувањето на поединечните мислења на сите членови отсекогаш се „modus vivendi“ во внатрешното функционирање на партијата. Сето тоа го гради успешното претставување на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните.

 

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија кон сите луѓе во Македонија, и во своето работење ги вклучува сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска и било каква друга припадност

09.12.2021 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега