Објавена снимката од Заев и лажната Грета (ВИДЕО)

Објавена е снимката од разговорот меѓу поранешниот премиер и актуелен претседател на СДСМ, Зоран Заев и лажната активистка Грета Тумберг.

Во разговорот кој е објавен на платформата Јутјуб, Заев и лажната Грета разговараат за затворање на аеродромите, легализирање на марихуаната, посета на активистката на Македонија, но и за мигрантите.

Владата уште лани информираше дека оваа измама била пресретната откако службите утврдиле дека Заев разговара со лажна Грета.

Претходно, исто така, на Јутјуб беа објавени разговори меѓу Заев и лажен Петро Порошенко.

Руските „пранкстери“ Владимир Кузнетсов и Алексеј Столиров познати како Вован и Лексус работат на интернационален проект „Ѕвездите ја спасуваат Земјата“ во кој тие измамуваат јавни личности од светот претставувајќи се како политичари и активисти.

08.07.2020 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега