Oбвинителството нема да го гони Коце Трајановски за конкурсот за избор на директор на Водовод

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со изборот на директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, потврдија од Скопското обвинителство за „А1он“.

Кривичната пријава на полицијата била отфрлена бидејќи изминало времето кога Трајановски и останатите можеле кривично да одговараат, односно застарело делотоза кривичен прогон.

„Одлуката за избор на директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје е донесена и потпишана на 11.02.2015 година, па согласно тоа застареноста на кривичното гонење за Коце Трајановски кој, извршувајќи ја функцијата градоначалник лично ја донел и потпишал одлуката, настапила на 11.02.2018 година. Застареноста за претседателот и двајца членови на комисијата за спроведување на постапката за избор настапила на 22.01.2018 година, кога изминале три години од дејствијата на пријавените кои го исполнуваат битието на делото“, велат од Обвинителството за „А1он“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега