Од 16ти јануари по 100 евра казна месечно за лицата над 60 години кои не ја примиле ни првата доза ковид вакцина - заострување на мерките во Грција
Власите во Грција, денеска соопштија дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 и повеќе години кои не ја примиле ниту првата доза од анти ковид вакцината. Соопштението доаѓа во време кога Грција е погодена од нов бран и зголемување на бројот на случаи на новозаболени, објави Ројтерс. Казната ќе се плаќа секој месец се додека лицето не прими вакцина.
Мерката ќе стапи на сила на 16 јануари, а нема да има исклучоци, освен за лица кои не можеле да ја примат вакцината поради медицински причини.
30.11.2021 - 13:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа