Од 27, на 25 години - Зеленски ја спушти возраста за мобилизација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот потпиша нацрт-закон за намалување на возраста за воена мобилизација од 27 на 25 години, бидејќи на вооружените сили им недостасуваат луѓе за да се спротивстават на руската инвазија.

Овој предлог-закон, кој пред една година беше изгласан во украинската Врховна Рада (парламентот) и се чекаше на потпис од претседателот, ќе стапи на сила во среда, се наведува на веб-страницата на парламентот. Украинската влада потоа мора да ги усогласи различните регулаторни текстови со новата возраст за мобилизација во рок од шест месеци.

02.04.2024 - 22:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега