Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово

Од 29 заболени од коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово, информираше Кризниот штаб при општината.

– Во општина Теарце има пет заболени, во општина Брвеница четири, во општина Боговиње два (од кои еден починат) во општина Желино еден и еден од Радовиш. кој е во карантин на Попова Шапка. Во следните две седмици се очекува да се зголеми бројот на заразени лица и да ја достигне кулминацијата на оваа пандемија во регионот. Клиничката болница во Тетово го потврди ставот дека тие се целосно подготвени со опрема и здравствени средства за да им служат на граѓаните во случај на поголемо ширење на вирусот во периодот кој следи, стои во соопштението на Кризниот штаб при СВР Тетово.

Од Кризниот штаб велат дека општинските служби и вработени при ЈКП Тетово и Територијалната единица противпожарна единица, постојано вршат миење и дезинфекција на улиците, јавни места и влезовите на местата за живеење. Дезинфекцијата се врши со континуиран и непрекинат начин, низ сите населби, улици и јавните места на територијата на општина Тетово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега