Од Бакинегемската палата порачуваат: Кралицата е добро, не била во контакт со принцот Чарлс од 12. март

Откако од британската кралска резиденција беше потврдено дека 71-годишениот принц Чарлс е позитивен на коронавирусот, од Бакингемската палата известиле дека кралицата Елизабета Втора е во добра здравствена состојба.

Кралицата во моментов е со својот сопруг принцот Филип и се наоѓаат во Виндзор кој е надвор од Лондон, додека принцот Чарлс е во Шкотска.

Принцот Чарлс последен пат стапил во контакт со 93-годишната кралица на 12. март во Бакингемската палата.

„Кралицата е во добра здравствена состојба. Принцот од Велс последен пат го видела на 12. март. Кралицата со сопругот Филип го напушто Лондон на 18. март и од тогаш е во дворецот Виндзор“, стои во соопштението.

Принцот Чарлс засега има само благи симптоми и се чувствува добро. Неговата сопруга Камила е тестирана и не е заразена. И принцот и неговата сопруга сега се во самоизолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега