Од денешните новозаразени, најголем број се од Скопје - Чаир, Гази Баба и Аеродром се трите општини со најмногу заболени
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-28, Куманово-5, Дебар-4, Прилеп-8, Тетово-4, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-4, Делчево-3, Кичево-3, Неготино-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673, бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995.
Eве во кои скопски општини има најмногу заразени:
• Чаир – 114
• Гази Баба – 109
• Аеродром – 105
• Карпош – 93
• Центар – 85
• Кисела Вода – 93
• Ѓорче Петров – 67
• Бутел – 68
• Шуто Оризари – 39
• Студеничани – 18
• Сарај – 21
• Арачиново – 18
• Илинден – 13
• Сопиште – 8
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа