Од јули ќе се издаваат пасоши со „Северна“

Пасоши со „Северна“ ќе почнат да се издаваат во јули, потврдуваат од МВР за Пресс24 без да прецизираат кој ќе биде точниот датум. Во наредниот период ќе се работи на миграција на системот за да се направат обрасци на седум јазици според Законот за јазици. 

Според информации на Пресс24, прво треба да се среди системот, па дури потоа ќе се знае кога точно ќе се издаваат пасоши со „Северна“. Неофицијално, датумот ќе зависи од економскиот оператор, а не од МВР.

23.06.2021 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега