Од Кабинетот на Еди Рама објаснија зошто фотографија од Македонија беше означена како место во Албанија

Фотографијата од водопадот во Македонија, веќе е тргната од фан страницата на албанскиот премиер, Еди Рама. 

Од македонската Влада реагирале и побарале да се направи корекција, но и да се даде објаснување. 

Имено, од Кабинетот на Рама се заблагодарија на сите следбеници коишто им посочиле дека тоа прекрасно место е во Македонија.

„Исто така постои село во јужна Албанија со истото име и сликата по грешка беше означена дека е од Албанија. Им се заблагодаруваме на сите следбеници коишто ни посочија дека ова прекрасно место е во Македонија“, наведоа од Кабинетот на Рама за МИА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега