Од коронавирус почина д-р Ненад Панов за кој се собираа донации


Како последица од Ковид-19 почина д-р Ненад Панов од Кавадарци за кого се собираа донации за да може да се лекува на приватна клиника.

„На овој голем христијански ден, кога го славиме раѓањето на Исус, со неизмерна тага и болка ја имам непријатната должност да ви соопштам дека нашиот доктор, нашиот Нено, ја загуби битката со болеста. И покрај сите напори на медицинскиот персонал и Вашата несебична поддршка, нашиот колега веќе физички не е меѓу нас. Но, неговиот ведар дух ќе остане засекогаш меѓу нас. Ќе најдеме начини он да е крај вода, каде и да риболовиме. Ветуваме.Лесна му земја“, пишува во објавата на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.01.2021 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега