Од Ковид 19 почина жител на Центар Жупа

Се намалува бројот на новозаразени со Ковд-19 на подрачјето на општините Дебар и Центар Жипа, а со тоа и на хоспитализирани во дебарската болница.

– Моментно во нашата установа хоспитализирани се 12 ковид пациенти, од нив петмина се на кислородна подршка. Преходно болничките капацитети беа преполни, со повеќе од 40 хоспиталирани. Намален е бројот и на оние кои амбулантски се лекуваат, последните денови во просек по седум, наспроти претходно кога имавме и до 30.  За жал во последното деноноќие како последица од опасниот вирус почина жител од општина Центар Жупа, изјави за МИА, Баки Алили директор на болницата.

На ова подрачје, овој месец регистрани се 103 новозарзени, во списокот на оздравени се внесени 103, додека починале 10 лица.

Во меѓувреме, според Алили, непречено се одвива процесот на имунизација, што се реализира во модуларната болница, која  функционира како вакцинален пункт.

– Дневно, во просек, се аплицираат по околу 200 вакцини, главно за ревакцинација. Прва доза до сега примиле околу осум илјади лица, додека со две дози се опфатени околу шест илјади, посочи Алили.

Додава дека располагаат со доволна количина вакцини од Фајзер, Астра Зенека и Синофарм и го повторува апелот до граѓаните кои не го сториле тоа, што побрзо да се вакцинираат, зашто „тоа е единиствената заштита од невидливиот непријател“, а доколку се заразат болеста ја минуваат со полесна форма. 

20.09.2021 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега