Од неделата до вчера 16 потреси во скопското подрачје

Од неделата до вчера во Македонија се почувствувани 16 земјотреси, според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Првиот  беше регистриран во неделата во 7 часот со јачина од 4,4 степени според Рихтер. Најсилниот пак е регистриран истиот ден во 15.10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.

Вчеравечер во Скопје и околината беа почувствувани два последователни земјотреса во 19.53 часот – првиот со магнитуда од 2,4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското подрачје.

Претходно во текот на денот, два потреси беа регистрирани во 11.50 и 14.19 часот со магнутуиди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Сите потреси се во скопското епицентрално подрачје.

 
 
13.09.2016 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега