Од невремето најмногу штета во Миравци – поплавени куќи и две спортски игралишта

Обилниот дожд во Гевгелиско, проследен со силен ветер и грмежи, утрово предизвика најмногу штета во атарот на селото Миравци. Локалните жители велат дека за многу кратко време, од големото количество вода се преполниле суводолиците и истечните канали кои се излеале и го отежнале одвивањето на сообраќајот меѓу Миравци и Петрово.

Според општинските надлежни служби кои веднаш излегоа на терен, во северниот дел од селото биле поплавени неколку куќи во месноста „Сирките“, двете спортски игралишта, а биле срушени и неколку потпорни ѕидови на куќи.

Брзото слевање на водата предизвика и времен прекин на железничкиот сообраќај од Гевгелија кон Скопје поради што екипи на МЖ веќе работи на отстранување на пречките и повторно воспоставување на сообраќајот.

На терен излегоа градоначалникот Сашо Поцков и екипи за да се утврди фактичката состојба и да се координираат неопходните активности. Проверка на состојбата се врши и во планинските села Серменин, Ума и Кованец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега