Од полноќ нови цени на горивата

Денеска напладне Регулаторната комисија за енергита треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полно.

Минатата недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки  малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.06.2021 година, и со тоа  малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на  ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит. 

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се  зголемија за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.06.2021 година и со  тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,348 ден/кг во однос на цената утврдена  со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за  транспорт од 07.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,237 ден/кг.

21.06.2021 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега