Од полноќ нови цени на горивата

Како и секој работен понеделник, така и овој напладне, Регулаторната комиија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените на бензините се зголемија, со тоа Еуросупер БС-95 изнесува 73,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 75,5 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ се намали и изнесува 64 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство останува иста и се продава по цена од 64 денари, а малопродажната цена на мазутот се намалува, и изнесува изнесува  39,360 ден/кг.

17.01.2022 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа