Од полноќ нови цени на горивата

Како и секој понеделник, така и овој, Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Бензините минатата недела поскапеа за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се намали за половина денар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 62,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесуваат по 53 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС  и изнесува 28,837 денари.

Како причина за променетите цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочи  намалената цена на акцизата на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за по еден денар, како и зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 3,916 отсто и кај дизелот за околу 2,841 отсто и за околу 0,369 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Останува да видиме дали ќе имаме ново поскапување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2020 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега