Од полноќ значително поскапување на дизелот – поскапуваат и бензините

Дизелот ќе се продава за 2 денари поскапо. Новата цена на бензините ќе биде поголема за 1 денар. Макпетрол ги објави цените на горивата по кои тие од полноќ ќе се точат на нивните бензински пумпи. 

Ова се новите цени.

Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;

- Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;

- Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;

- Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;

- Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.

Од пред две недели, Регулаторната комисија остана без мандат за регулација на малопродажните цени на нафтените деривати. Во моментов цените се одредуваат пазарно, односно, секоја бензинска пумпа, сама одлучува за колку пари ќе ги продава горивата

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2019 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега