„Од првиот момент знаев дека ќе ја убијам“ - Слободан раскажа детали за монструозното злосторство во Лас Вегас

При морничавото сведочење на 37-годишниот Слободан Миљуша кој е обвинет затоа што во петокот ја претепа до смрт својата 31-годишна сопруга Ѕвездана Бенкун во нивната куќа во Лас Вегас, а тој раскажал дека пред злосторството заминал во продавница и купил безбол палка, нож, самолеплива трака и вотка и „веднаш знаел дека ќе ја убие“. Намерата му била да се убие и себе, но тоа не го направил.

Слободан, по потекло од Лика, уапсен е во Лас Вегас поради сомнение дека ја убил сопругата во семејната куќа во која живееле со двата сина на возраст од 6 и 13 години. 

Новинарот со кој зборувал Слободан по апсењето пренесува дека нивниот постар син, кој има 13 години влегол во станот и ја затекнал крвавата мајка и татко му додека лежел покрај неа.

Тинејџерот истрчал до најблиската бензинска пумпа и веднаш повикал помош.

Миљуш во разговор со новинарот не покажал каење. Рекол дека не е среќен поради тоа што се случило, но што е тука е.

-Од првиот момент кога земав палка знаев дека ќе ја убијам. Лажеше постојано, за се. Лажеше дека многу работи. Никогаш не беше дома. Ова е поради одмазда за нејзиниот татко. Кога ќе го слушне ова на вести ќе знае на што мислам - рекол Миљуш.

Колегите на убиената жена раскажала дека Ѕвездана вредно работела и дека била грижлива мајка.

-Знаевме дека има проблеми во бракот и дека покренала барање за развод. Беше многу друштвена, мотивирана и амбициозна. Ги обожаваше своите деца, а понекогаш толку се грижеше за нив што ги носеше на работа - велат нејзините пријатели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2019 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега