Од утре ќесите ќе чинат 15 денари – КАМ побара од купувачите да користат торби

 

Од утре во сила стапуваат законските измени со кои пластичните ќеси ќе чинат 15 денари за парче. Маркетот КАМ побара од купувачите да користат повеќенаменски торби за пазарење или хартиени ќеси.

-Согласно новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување сл. Весник 215/2021 започнувајќи од 01.12.2021 задолжителната такса за користење на биоразградливи ќеси за еднократна употреба изнесува 15 денари. Соодветната сума од продажбата на овој поризвод согласно Законот, ќе се уплаќа на Фондот за заштита на животната средина. Ве молиме користете повеќенаменски торби за пазарење или хартиени ќеси со цел заеднички да придонесеме до почиста животна средина, се вели во објавата.

30.11.2021 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега