Одбојкарка почина во Турција под мистериозни околности: Паднала од прозорец во хотел

Во текот на изминатата ноќ животот го загуби одбојкарката Јулија Итума во Истанбул каде нејзиниот тим играше против турскиот Ејзаџибаши.

18-годишната одбојкарка паднала од прозорец на хотелска соба, а причините кои довеле до трагичниот настан се уште се непознати за истражните органи во Турција.

Таа е родена во Милано од родители имигранти од Нигерија. Беше талентирана и многумина и предвидуваа блескава кариера, бидејќи имаше моќна градба и голема брзина за девојка од 192 сантиметри.

13.04.2023 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега