Одбојкарски тренер силувал малолетна девојка, оставил проштална белешка и се фрлил под воз

 

22-годишниот одбојкарски тренерЏејсон Мејсер, кој беше обвинет за силување на малолетна одбојкарка, се самоубил, пренесуваат лоалните медиуми.

 Мејсер бил вработен во два клуба на Лонг Ајленд, каде што според полицијата, во два наврати силувал 15-годишно девојче, поради што бил уапсен.

Тој прво ја силувал жртвата на 7 февруари, а потоа уште еднаш неколку дена подоцна, се вели според резултатите од полициската истрага. Бил уапсен истиот ден, а добил и отказ од двата клуба каде што играл.

 Откога бил изведен пред судија, била одредена кауција од 75.000 долари.

Мејсер ја платил кауцијата и веднаш потоа бил ослободен и скокнал пред воз.

Полицијата извести дека пред смртта, зад себе оставил проштално писмо.

25.03.2024 - 18:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега