„Одекна силен удар“: Расфрлени делови од автомобили - полицијата на терен го расчистува верижниот судар во Скопје

Како што информиравме и претходно, утрово се случи верижен судир на булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 4, спроти трговскиот центар Антико. Во несреќата учествуваа четири возила, меѓу кои марка „ходна“, „рено“ и „опел“, а едното од нив е такси возило.

Се слушна силен звук на удар, сведочи локален продавач.

Делови од автомобилите се расфрлани долж булеварот, во еден од нив е вклучено заштитното перниче поради силината на ударот. Од она што може да се забележи на две од возилата тркалата им се оштетни.

На терен нема брза помош, што значи дека нема повредени лица, но има две полициски екипи кои треба да направат увид како дошло до несреќата.

Булеварот делумно е блокиран.

20.03.2023 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега