Одложување на кредитите за граѓаните ќе има, Уредбата како ќе спроведе тоа треба да помине на Влада

Одложување на плаќањето на ратите за кредити на граѓаните и фирмите ќе има, Уредбата со законска сила за ова можеби уште утре ќе помине на Владата.

 

Министерската за финансии, Нина Ангеловска, на денешната прес-конференција појаснуваше како би изгледало одложувањето. Тоа би значело замрзнување на ратити за наредните три месеци.

Она што се уредува во оваа уредба е начинот на одлагање на ратите на долговите на граѓаните и на фирмите односно истото ќе може да се направи без да се оди на шалтер во банка, без да се потпишува анекс итн. Како тоа е уредено и како ќе функционира? Уредбата моментално вели дека секоја банка ќе објави на својата веб страна или ќе го извести секој клиент за поповолната понуда. Ако физичкото лице во рок од 10 дена не се произнесе односно не каже дека ја одбива понудата ќе се смета дека поповолната понуда (замрзнување на ратите за три месеци) е прифатена, појасни министерката.

Меѓутоа, рече, прво да се донесе Уредбата на владина седница, па потоа ќе излезат со прецизни детали за начинот како се се одвива целиот тој процес.

Кога станува збор за фирмите, истите, ќе добијат понуда или известување од банките за одлагање на долговите за кредити меѓутоа тие би имале и можност да изберат и други опции: одбивање, прифаќање на одложувањето, можност за плаќање на кредитот со поповолна камата итн.

Ангеловска потенцираше дека не станува збор за нерасположение кај банките за ваквите поволности туку дека прво Народната банка требало да ја смени процедурата односно одлуката како ќе ги третира тие кредити. Со актуелните правила на Народбата банка, еден кредит се смета за нефункционален ако не се плати рата 90 дена односно 91 ден веќе тој кредит се прогласува за нефункционален, а се намалува и кредитниот рејтинг. Сега одлуката е сменета и овој рок е продолжен на 150 дена, што значи дека тоа што граѓаните кои ќе одберат да ги замрзнат кредитите за три месеци, нема да им се намали кредитниот рејтинг ниту пак кредитот ќе се смета за нефункционален.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2020 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега