Одвратна глетка на дното на морето во Хратска: Објавената снимка го вклучи алармот (ВИДЕО)

Местото Молунат во Хрватска е погодено од силен ветер, и секоја година тоа предизвикува голема количина ѓубре кое не само што завршува на прекрасните плажи, туку и тоне на дното на морето, пренесува Индекс.хр. Ова е објавено на фејсбук од нуркачкиот центар „Sea Star“ и најавиле голема акција за чистење на тоа подрачје.

Клара Љубенко од центарот за нуркање објави видео од ужасната сцена на морското дно, така што сите може да видат колку е сериозна ситуацијата.

На учество во акцијата за чистење се повикани и граѓаните.

Ваква е ситуацијата на само 7 метри длабочина.

-За жал ова е реалноста на Моллунат. За ова царство од пластика ќе бидат потребни многу раце, веруваме дека се ќе биде исчистено- објавено е на социјалните мрежи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега