Одземен мобилниот телефон на Катица Јанева

Доцна вечерва полиција по налог и го одзела мобилниот телефон на Катица Јанева, потврдуваат за ТВ21 од ОЈО.

Неофицијално „ТВ 21“ дознава дека полиција влеглаа и во станот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Зошто полицијата по барање на ОЈО на Катица Јанева и го одзела мобилниот телефон засега нема информации. Медиумите веќе пишуваат за наводна поврзаност помеѓу Катица Јанева и денеска двајцата приведени бизнисмени кои во моментов се во Кривичниот суд на распит, но за оваа поврзаност засега нема потврда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега