Официјален Белград реагира за Морина: Северна Македонија ја поткопа суштината на меѓународното право

Официјален Белград реагираше на одлуката на Врховниот суд на Република Македонија со која се потврдува решението на првостепениот суд во кое е утврдено дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина во Република Србија и му се укинува мерката притвор.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека Северна Македонија со одлуката дека нема услови за екстрадиција на Томор Морина на Србија ја поткопала суштината на меѓународното право.

– Не може да постои оправдување за тоа некој, кој е осомничен за воени злосторства против човештвото, да биде пуштен на слобода, наместо да одговара за смртта на многу недолжни луѓе, изјави Стефановиќ.

Според Стефановиќ меѓународната потерница за Морина останува на сила и со оглед на фактот дека воените злосторства не застаруваат, очекува Морина кога тогаш да одговара за своите дела.

Српската министерка за правда, Нела Кубуровиќ денеска порача дека со одлуката на Врховниот суд на Северна Македонија дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина се покажало дека политиката е над правдата.

– Ова е голем срам за меѓународното право, но уште поголема тага и удар за семејствата на жртвите кои со децении чекаат правда за најмилите, изјави Кубуровиќ, додавајќи дека иако биле доставени сите докази за екстрадиција, Северна Македонија одлучила спротивно од вистината и фактите. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега