„Огнено шоу со македонска скара“ - Вака Бугаринот ја коментираше фаталната несреќа во Бугарија

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Софија е уапсен 24-годишен маж поради неговите коментари на Фејсбук за трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 македонски граѓани.

Како што објави БТВ, мажот ќе подлежи на истрага за ширење омраза врз национална основа.

За вакви прекршоци законот предвидува казна затвор од една до 4 години и глоба од 2,5 илјади до 5 пет илјади евра, како и јавно извинување.

25.11.2021 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа