Ограбена аптека во Скопје за време на полицискиот час

Аптека во Скопје е ограбена за време на полицискиот час.

-Вчера околу 08.30 часот во СВР Скопје, И.Х.(60) од с.Љубин, скопско, вработен во аптека на ул.„Борис Сарафов“ пријавил дека во аптеката била извршена тешка кражба. Од увидна екипа од СВР Скопје е извршен увид, при што е констатирано дека во периодот од 19.00 часот на 27.03. до 08.00 часот на 28.03.2020 непознато лице насилно влегло во аптеката и одземало производи и пари, велат од МВР.

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега