Ограбена црква во Струга

Црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга била мета на крадци, соопшти полицијата.

-Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во периодот од завчера до пријавувањето непознат сторител со употреба на сила влегол во црквата „Св.Ѓорѓија“ во „Паркот на поезијата“ во Струга и одзел пари, појаснуваат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа